Мендух Тачи: Ви зборувам како лекар, најсилно оружје да се спречи ова е строг карантин од 20 дена, а најдобро е вакцинацијата

675

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи синоќа во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека најсилното решение за спречување на коронавирусот е строг карантин од најмалку 20 дена, а смета дека најдоброто решение за вирусот е вакцината.

„Како лекар ќе зборувам. Јас сум за карантин најмалку 20 дена. Строг карантин. Од прилика полициски час, и да се дозволи само купување на намирници. Најсилното оружје за коронавирусот е карантинот, а најдоброто е вакцината“, изјави Тачи, коментирајќи зошто Македонија има проблем со набавка на вакцините:

„Затоа што сме мали и слаби, затоа што имаме проблем со двоен стандард“, вели Тачи.

Тој смета дека Србија и Албанија „глумат“ со вакцините, и вели дека ние треба да се останеме кон западот за вакцините.

„Тоа што Србија и Албанија го прават е глумење со вакцините. Убаво рече претседателката на ЕУ зошто Русија не ги вакцинира своите луѓе, а нуди вакцини на ЕУ? Тоа е тешка пропаганда. Истото го прави и Вучиќ кој нуди 5 илјади вакцини на БИХ. За жал и Еди Рама, има 10 илјади вакцини и нуди 1000 на Косово. Претпочитам да останеме на западниот партнер. Имаат многу подобар морал од истокот како Кина, Русија или Србија“, рече Тачи.


Извор: Тв 21