Иако минаа речиси два дена од фантастичната партија на Горан Пандев против Наполи, сепак медиумите во Италија, на Балканот а посебно во Македонија од час во час пишуваат за ЕЛ Гранде. Секој час има по нешто за македонската фудбалска ИКОНА.
Пандев е скромен, токму затоа и сите го сакаат, го почитуваат, го респектираат, а посебно неговите колеги од репрезентацијата.
Јавна тајна е дека Елиф Елмас е легитимниот наследник на ЕЛ Гранде во мак – фудбалот. Дијамантот исто игра во Италија, и игра добро, во голем клуб, во Наполи.
Иднинатата е пред него.
Интересен момент веднаш по саботниот меч во Џенова, кога Пандев се радуваше на двата гола, со што стигна до бројот од 97, додека Елмас тагуваше зошто имаше зицер и го промаши.
Капитенот го тешеше Елмас, а овој како да сакаше да каже…
„Бате Горан, и јас сакам да бидам како тебе“…
Оние што добро ги знаат и двајцата, што добро ја знаат атмосферата во репрезентацијата, знаат дека Елиф својот капитен го нарекува – БАТЕ.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















