Од Интер…. кон Барселона!

43

Агентот на Лаутаро Мартинез, смета дека неговиот клиент го има потребниот квалитет и во иднина би можел да заигра во Барселона.

Со одличната форма на Мартинез, не само неговиот агент, секој негов навивач има право да се надева на голем трансфер во иднина евентуално.

Би можел да го видам како игра за Барселона заедно со Лео Меси. Лаутаро е добар фудбалер и убаво е да се гледа кога тој е релаксиран на терен. Кај него немам видено таква опуштеност уште кога играше во младинските табори“, истакна Бето Јаки.

Интер сезонава има навистина добар состав и сигурно ќе му парира на Јувентус во битка за титулата, а Лаутаро Мартинез ќе биде играч од кого многу ќе очекуваат оваа сезона во Милано.

loading...