Ирина Шајк: „И јас сум обична жена, не ме осудувајте доколку некогаш не сум дотерана“

895

Ирина за прв пат зборуваше за тоа како се справува со славата и дека често заборава дека таа е само обична жена како и секоја друга

Руската манекенка Ирина Шајк призна дека понекогаш ѝ е тешко што нејзиниот живот е под будното око на јавноста и дека често чувствува грижа на совест кога станува збор за мајчинството.

Ирина за прв пат зборуваше за тоа како се справува со славата и дека често заборава дека таа е само обична жена како и секоја друга.

Убавата Русинка е во врска со холивудскиот заводник Бредли Купер со кој ја има ќерката Леа.

Сакам да бидам тоа што сум. Не сакам да ме осудуваат поради тоа што можеби не изгледам секогаш дотерано. Носам удобна облека и тренерки. И јас сум истото живо суштество кое наутро се буди со илјадници обврски кои ме чекаат. Навистина сум строга кон себе. Мислам дека поради социјалните мрежи луѓето чувствуваат притисок. Луѓето често ми кажуваат – ах, изгледаш поразлично во живо. Изгледам поразлично, бидејќи не сум под совршеното светло и совршено нашминкана. Едноставно се движам наоколу онаква каква што сум”, рекла Шајк.

Едвај и да читам вести за себе, а кога нешто и да прочитам, обично добро ме смеат. Не сум една од оние кои помислуваат, Вау што рекле за мене. Навистина не сум една од нив. Имам семејство и пријатели кои ги сакам и до кои ми е грижа и кои знаат која сум јас. Јас само го живеам мојот живот и не сакам да бидам како никој друг, туку онака каква што сум јас”, рекла манекенката за интервју за People.