Стотина скапи автомобили „масерати“ и „фиат 500Л“ произведени во Крагуевац изгореа во пожар во вторникот на пристаништето Савона во Италија.
Како што наведуваат локалните медиуми, пожарот во пристаништето избил во вторникот околу 3 и 30 часот наутро и зафатил стотина нови возила, меѓу кои биле автомобили од марката „масерати“ наменети за пазарот на Блискиот Исток.
На огнената стихија ѝ претходело невреме по што паркингот за нови возила бил поплавен. Со оглед на тоа што биле изложени на солена вода, акумулаторите во некои од возилата експлодирале, а силниот ветер придонел пожарот да се прошири брзо.
Лошите временски услови го отежнувале гасењето, а дополнителна закана претставувале и повремените експлозии.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















