Мијалков стигнал до Белград, па по договор со Заев се вратил

265

Мијалков избегал во неделата, односно тогаш полицијата не успеала да го најде за да оди во куќен притвор, а преговорите со власта наводно почнале во понеделникот, откако меѓународната заедница извршила силен притисок врз Заев да се најде начин бегалецот до четврток да се врати во земјава. Но засега никој не знае што точно се договориле Мијалков и Заев.

Според неофицијалните информации, причината за бегството била казната од 13 години што обвинителите веќе ја побарале, а во петок треба да се слушне  пресудата во случајот „Таргет-Тврдина“, и која наводно требало да ги опфати сите дела, вклучувајќи и она што требало да застари.

Изворите од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека договорот меѓу Мијалков и власта бил казната да биде пет години, по што би следувале жалби, па Апелација, па враќање на предметот назад…