Хана Мануси, која претходно играше во машката репрезентација на Австралија под името Калум Мануси, го промени полот и беше дел од квалификациите за женското Светското првенстсво во Јапонија, но не настапи на Мундијалот. Главна причина за тоа смета дека е негативниот став кон неа од колешките и селекторот.
Таа откако го промени полот започна да тренира австралиски фудбал, но и беше забрането да се натпреварува со жени заради нејзината корпулентност. Потоа одлучи да се префрли во ракометот каде што доби дозвола да се натпреварува.
На азискиот шампионат Хана Мануси, која е висока 190 сантиметри и има 100 килограми му помона на тимот да го освои петото место и да обезбеди пласман на Мундијалот. Сепак селекторот Чеба Али одлучи да ја изостави од составот кој беше на првенството.
Според објавата на Хана Мануси на социјалните мрежи таа тврди дека била изоставена од тимот затоа што другите австралиски ракометарки одбиле да користат иста соблекувална и тушеви со неа. Нивната одлука ја поддржал и селекторот на тимот.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











