Целулит, сало на стомакот, стрии …: Ѕвездите на Холивуд не се совршени како на Инстаграм

476

Сите познати личности на своите Инстаграм профили имаат совршени тела, но фотографиите кои излегуваат во јавност од страна на папараците се далеку од совршени.

Некои од холивудските ѕвезди му даваат потполно погрешна слика на светот, а еве како изгледаат тие без филтери и Фотошоп:

Џенис Дикинсон

Иако оваа поранешна манекенка постојано се труди да го задржи младешкиот изглед правејќи пластични операции, годините сепак можат да се забележат на нејзините нозе.

Ким Кардашијан

На интернет кружеа фотографии од старлетата на кои се гледа дека таа има многу нагласен целулит, а гледачите на реалното шоу “Keeping Up With The Kardashians” имале прилика да видат како таа плаче токму поради нив.

А еве како изгледа Ким на својот Инстаграм профил:

Клои Кардашијан

Оваа реалити ѕвезда го довела своето тело до совршенство преку вежбање, но целулитот сепак останал на нејзините нозе.

Но, следбениците на Клои имаат прилика да видат дека целулитот е “избришан” од нејзините Инстаграм фотографии:

Скарлет Јохансон

Додека многумина тврдеа дека Скарлет е актерка без маани, папараците ја фатиле нејзината “реална” фигура.

Камерон Дијаз

Актерката постојано промовира здрав живот на социјалните мрежи, но нејзиниот изглед за разлика од професионалните фотографии е непрепознатлив.

Криси Тајген

Криси Тајген е една од ретките холивудски убавици кои постојано ги споделува своите маани со јавноста. Таа неодамна одлучи да ги покаже своите стрии кои ги добила по раѓањето на двете деца и на тој начин ги инспирирала жените ширум светот да не се срамат од своите несовршености.