Манчестер Јунајтед испрати официјална понуда за Французинот

135

По исклучиво лошата сезона во која не успеаа да освојат ниту една титула, како и да избороат пласман во Лигата на шампионите, Манчестер Јунајтед летово планира големи промени во играчкиот ростер.

Според наводите на француските медиумит, денес „црвените ѓаволи“ испратиле официјална понуда до Лион за Муса Дембеле.

Јунајтед за овој 22-годишен напаѓач понудиле 45 милионие вра. Сега се чека одговор од Лион кој многу лесно може да биде позитивен.

Дембеле пред помалку од една сезона пристигна во Лион од Селтик. Беше платен 20 милиони евра и сигурно е дека оваа понуда од „Олд Трафорд“ и тоа како е привлечна.

Французинот зад себе има добра сезона во која на 51 меч оствари ефект од 23 гла и 6 асистенции, а во Манчестер треба да биде замена за Лукаку.

loading...