Апасиев: Ми се закануваат заради Фејсбук објавите

42

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев денеска беше на распит во обвинителство, откако беа поднесени кривични пријави за говор на омраза преку неговите Фејсбук објави.

Тој изјави дека по објавите на Фејсбук добивал закани за него и неговото семејство, но дека нема да престане со нивна понатамошна објава бидејќи се држи до практиката на Европскиот суд за човекови права.

Тања Милевска и Мерсиха Смаиловиќ од Хелсиншкиот комитет ги поднесоа кривичните пријави против Апасиев, а тој најави кривични пријави за нив.