Кире Лазаров откри во кој тим ќе ја заврши кариерата

306

Македонскиот легендарен ракометар, Кире Лазаров во ексклузивно за босанскиот медиум „Независни новини“ даде одговор на неколку прашања меѓу кои и тоа каде ќе ја заврши кариерата.

Лазаров низ кариерата со огромен успех ги носеше дресовите на Веспрем, Загреб, Атлетико Мадрид, Барселона и сега во последно Нант, а за таблоидот од Босна откри дека со сигурност кариерата ќе ја заврши во Нант.

Ќе ја завршам кариерата во Нант, тоа е сигурно. Речиси сигурно ќе останам во спортот, во ракометот. Имам неколку опции во главата и времето ќе покаже за кој пат ќе се одлучам, -истана Лазаров.

Капитенот на македонската ракометна репрезентација не пропушти прилика да проговори и за иднината на репрезентативниот ракомет во Македонија и за неговото минато во дресот со државниот грб

Неколку пати бевме блиску до полуфинале. Националниот дрес го носам од 1997 година и многу сум горд на тоа. Македонија е ракометна земја и тоа треба да се негува. Луѓето во Македонија го сакаат ракометот. Реков дека верувам во чуда и тежнеам кон тоа. Македонија има нови генерации кои се талентирани и им треба наша помош.

Мојата земја многу направи во ракометот оваа деценија, а и во иднина ќе биде уште подобра. На народот кој го сака спортот и посебно ракометот не смееш да им го скратиш тоа уживање, -заврши Лазаров.

loading...