Една од најдобрите ракометарки во последната деценија, Едуарда Аморим – Талеска, во последната сезона од Лигата на шампионите ќе го испочитува сопругот и на дресот на унгарски Ѓер ќе го носи неговото презиме.
„Македонската снаа“, инаку од Бразил, досега во ЛШ настапуваше како Аморим – Талеска. Но, во новата сезона таа ќе биде само Талеска, а тоа ќе го направи од љубов кон својот сопруг Дејан Талески.
Ѓер е актуелен европски шампион, а и оваа сезона тимот важи за апсолутен фаворит за тронот во женската ракометна Лига на шампиони.
