Северна Македонија и Јужна Кореја официјално воспоставија дипломатски односи, соопшти Министерството за надворешни работи во Сеул.
Заедничкото коминике за воспоставување дипломатски односи вчера во седиштето на ОН во Њујорк го потпишаа амбасадорот на Јужна Кореја, Чо Тае-јул и вршителот на работите во Мисијата на Македонија во Светската организација, Сања Зографска Крстеска, пренесува јужнокорејската новинска агенција Јонхап.
По воспсотавувањето на дипломатските односи, Јужна Кореја очекува засилени билатерални врски со Македонија на политички и на економски план, како и зајакнување на соработката во балканскиот регион, се вели во соопштението на јужнокорејското МНР.
Македонија е 191-тата земја со која Јужна Кореја има воспоставено дипломатски односи.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















