Македонец поради Погба не доби 11.000 евра, па кршеше телевизори во кладилница…!!! (ВИДЕО)

1124

Кога ќе се налути Македонец… Посебно ако на обложувачко ливче не добие 11.000 евра само поради еден промашен пенал. Урнебесно видео до кое дојде редакцијата на ЕКИПА од една скопска обложувалница по синоќешниот натпревар меѓу Вулверхемптон и Манчестер јунајтед од Премиерлигата кој заврши 1-1.

За многумина во Скопје добро познатиот бербер Фуфо од Драчево, чекаше само еден гол на Манчестер јунајтед на синоќешното гостување против Вулверхемптон во 2. коло од Премиерлигата за да си добие 11.000 евра. И се отвори шанса во 68. минута кога „црвените ѓаволи“ добија пенал… Но, истиот не успеа да го реализира францускиот репрезентативец Пол Погба. Е, сето тоа значеше огромна лутина кај бербер Фуфо кој успеа да го скрши и телевизорот во обложувалницата каде со пријателите го очекуваше толку посакуваниот погодок на Манчестер јунајтед. Во секој случај, ќе го памети Фуфо пеналот на Погба…