Лупевска: До кое дереџе сме стасани – се радуваме за спроведување на Закон

517

Во десет часот изутринава градежната механизација на јавното претпријатие „Македонија пат“ го отпочна уривањето на дивоградбата. Со една хидрауличен клин го кршеа свежиот бетон.

Полициски кордон ги чуваше работниците, додека сообраќајот остана парализиран, а бучавата ги мамаше погледите на минувачите.

Иако доби решение за уривање, кривична пријава за бесправно градење, а по него се трагаше со месеци, денеска за прв пат во јавноста се појави и сопственикот. 34- годишниот скопјанец, сопственик на парцелата и кафулето „Фонтана“ ќе каже дека не градел објект туку уредно доставил план за обнување на изгорениот локал според членот 76 од законот за градба, а за таа цел изготвил проект, а платил и комуналии на општината и градот во висина од 4,7 со појаснување дека за обнова на објектот нема потреба од дозвола за градба.

За оваа парцела тој има елаборат и објектот е легализиран како деловен објект, статус што го имало кафулето пред да биде запалено пролетва и да изгори до темел.

Постапката од пожарот, па се до градбата ја водела општина Чаир со занаење на градоначалникот Висар Ганиу, кој иако најавен на настан одлучи да не се појави за да ги објасни и наводите на инвеститорот Алити.

Дали општианта примила уплата за комуналии останува неодговорено, а дека градот не добил денар од Алити потврди Петре Шилегов на Град Скопје.

Спорниот инвеститор Алити заработи и кривична пријава за бепсравно градање иако неговите адвокати тврдат дека не е направен пропуст во постапката, ќе тужат за оштета, а за правдата ќе се борат и во судот за човекови права.

Истражувачката новинарка Снежана Лупевска Созен, на својот профил на социјалните мрежи, го прокоментира рушењето, односно, своевидниот медиумски настан од постапката која би требало да биде рутинска:

„Дојде ред уривање на дивоградба да е радоаст за цела нација и да гледаме во живо. До кое дереџе сме стасани-се радуваме за спроведување на Закон оти тоа е реткост.“