Приказната на Ишмаел Лери Смит е исклучително интересна и атипична во кошаркарските кругови. 183 цм. високиот бек помина цели 4 години на универзитетот Вејк Форест, престижен колеџ од кој излегоа големи кошаркарски ѕвезди како Тим Данкан и Крис Пол. Иако пред доаѓањето во најмоќното баскет друштво веќе беше т.н. “подготвен играч”, на драфтот 2010 година не беше избран од ниеден тим. Она што Смит го издвојува како раритет е самиот податок дека е еден од малкумината кој како не драфтуван играч успеале да остварат долга NBA кариера. Уште по интересно е дека до сега настапувал за 11 различни тимови.Миленик на навивачите, каде и да се појавил, за секој тим кој настапувал. Исклучително корисен. Еден од генерацијата на “плеј-поентери” односно, играчи кој по (некое) правило би требало да бидат класични плејмејкери но, има чувство за постигнување поени налик на далеку повисоките од него. Всушност, “баскетџискиот стил” на игра на Иш Смит влече корени од неговото детство, од оние најрани почетоци како молневито брзо ситно момче со одраз како на “ракетен погон”. Токму како “динамит во мало пакување” го паметат во родниот Шарлот (Северна Каролина). Пред неколку дена (конечно) се врати дома потпишувајќи двогодишен договор со “хорнетси”.
Веќе 33 годишен NBA ветеран со 11 годишно професионално искуство, “Иш” секојдневно покажува што значи напорна работа и константно и балансирано подобрување во играта. Иако во текот на неговата кариера, често беше таргет на тимовите во стариот континент, тој остана во С.А.Д. и го најде своето место меѓу ѕвездите. Нема никакво сомнение дека Смит е квалитетен играч кој носи атрибути потребни за секој конкурентен тим.
NBA FAN
Димитар Младеновски