По третото квалификациско коло, познати се сите парови во плеј-офот од Лигата на шампионите.
Македонија ќе има еден индивидуален претставник во оваа фаза, во името на Аријан Адеми, кој со Динамо Загреб ќе се соочи со Розенборг. Црвена Звезда ја чека двомеч со Јанг Бојс, додека ланската сензација Ајакс за групите ќе игра со АПОЕЛ.
Останатите натпревари се Клуж – Славија Прага, ЛАСК – Клуб Бриж и Олимпијакос – Кубан Краснодар.
- ЛШ, ПЛЕЈ-ОФ
Динамо Загреб – Розенборг
Клуж – Славија Прага
Јанг Бојс – Ц. Звезда
АПОЕЛ – Ајакс
ЛАСК – Клуб Бриж
Олимпијакос – Краснодар
Натпреварите се играат на 20/21 август, додека реваншите се 27/28 август.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















