Ноќеска, убиено младо момче во Ново Лисиче

2692

Момче на возраст од 17 години починало од убодна рана која му ја задал познаник во Паркот на музиката во Ново Лисиче, дознава „Слободен печат“.

Немилиот настан се случил неколку минути после полноќ. Момчето било живо додека пристигнала екипата на Итна помош. Но, поради обилното крвавење, тоа за жал починало. Напаѓачот бил фатен од граѓани и другари на ранетиот, па ѝ бил предаден на полициска патрола.

loading...