Лоши вести за Македонија: Адеми има скршеница на стапалото?

157

Од Хрватска доаѓаат неочекувано лоши вест за македонската фудбалска јавност, затоа што на еден од нашите најдобри репрезентативци, му се заканува посериозна повреда и долго отсуство од терените.

Аријан Адеми и дефинитивно нема да го игра реванш натпреварот од четвртфиналето во Лига Европа со Виљареал, но од редовите на хрватскиот шампионат стравуваат дека сезоната за нивниот капитен е завршена.

Целата ситуација ќе биде разјаснета по резултатите од дополнителните прегледи, кои ќе откријат дали Адеми има скршеница на стапалото.

„Денес ќе бидат извршени деталните прегледи. Снимките ќе кажат за што точно се работи, но стравуваме затоа што првичните прогнози не се добри“, рече тренерот на „модрите“, Дамир Крзнар.

Адеми поради болка во стапалото вчера предвреме го заврши натпреварот со Локомотива во хрватскиот шампионат.

Дефинитивно, оваа вест не е добредојдена за Игор Ангеловски и македонската фудбалска репрезентација во пресрет на нашето историско учество на едно Европско првенство.