Ливерпул го освои четвртиот европски Суперкуп во својата историја, откако победи со 5:4 (2: 2 во регуларното време), по изведување на пеначи на „Водафон арената“ во Истанбул.
Европскиот шампион и освојувачот на Лига Европа одиграа спектакуларен дуел со периоди на доминација и еден куп голови. Лондонските „сини“ беа подобриот тим во првото полувреме и поведоа преку Оливие Жиру (36′).
Ливерпул ја презеде иницијативата по паузата и израмни во 48-та минута преку Сафио Мане. Тимот од Мерсисајд дојде до комплетен пресврт во петтата минута од првото продолжение со второт гол на Сенегалецот, но Жоржињо изедначи од пенал во 101-та.

Така, се дојде до пенали, а сите изведувачи на Ливерпул беа прецизни, додека младиот Тами Абрахам го промаши последниот удар за Челзи, кој беше спасен од Адријан.
Така, Ливерпул го освои својот 13-ти европски трофеј. Повеќе имаат само Реал Мадрид, Барселона и Милан.
Истанбул се покажа посебен град во историјата на Ливерпул поради чудото во финалето на Лигата на шампионите во 2005 година, кога „црвените“ стигнаа до трофејот откако губеа со 0-3 на полувремето против Милан. Во истата 2005 година, Ливерпул го освои европскиот Суперкуп против ЦСКА Москва. Сега тимот од Мерсисајд повторно триумфираше во турската метропола.
Вечерашниот меч беше и историски од друг аспект, откако за првпат жена ја делеше правдата во финале кај мажите. Натпреварот и беше доверен на Французинката Стефани Фрапар, на кој е помогаа Мануел Николози и Мишел О’Нил, а четвртиот судија беше популарната турски арбитар Џунеит Чакир.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











