Како што пишуваат странските медиуми, британскиот глумец Том Харди и неговата сопруга Шарлот Рајли наскоро ќе го прошират своето семејство. Тие во 2005 година го добија првото дете, а сега според медиумите го чекаат и второто дете.
На Шарлот ова ќе ѝ биде второ дете, а на Том трето, бидејќи тој има и син од врската со Рејчел Спид. Извори блиски до парот потврдиле за Мејл Онлајн дека глумицата Шарлот е бремена, а наводно својот стомак се обидела да го сокрие на премиерата на филмот “Swimming with men”.

Том и Шарлот изгледале многу блиски на премиерата на најновиот филм на глумицата, а таа носеше бел фустан со поширок крој.
Славниот пар глумеше заедно во серијата “Peaky Blinders”, а се запознале на снимањето на филмот “Wuthering Heights”.




![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)

















