Лејкерс без Леброн славеа во Далас

60

ЛА Лејкерс, без повредениот Леброн Џејмс, ја забележаа втората победа на последните седум натпревари. Лејкерс славеа во Далас 107:97, благодарение на играта во третата четвртина од натпреварот. Овој период „езерџиите“ го добија со 32:13.

Далас Маверикс, до дуелот со Лејкерс на домашен терен имаа 15 победи и три порази, имаа и водство од 13 поени против „езерџиите“ по првото полувреме, но лошата третата четвртина ги однесе во пораз.

Лука Дончиќ блескаше и на овој меч со 27 поени и осум скока. Зад Словенецот следуваше тројката Џеј-Џеј Бареа, Херисон Барнс и Денис Смит со по 11 поени.

Лејкерс, во отсуство на Леброн Џејмс, беа предводени од Брендон Инграм (29 поени) и Лонзо Бол (21 поени, седум скока, пет асистенции).

Покрај Лејкерс, изминатата ноќ, победа забележаа и нивните опоненти од Калифорнија, Сакраменто Кингс. Сакраменто ги победија Орландо Меџик 111:95. Кингс против Орландо ставија крај на серијата од четири порази.

Српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ се истакна кај Сакраменто со 15 поени, осум скока и седум асистенции.

Кај Орландо доминираше Црногорецот Никола Вучевиќ со 18 поени и 13 скока.

Резултати:

Детроит Пистонс-Сан Антонио Спарс 107:119

Бостон Селтикс-Бруклин Нетс 116:95

Милвоки Бакс-Јута Џез 114:102

Њу Орлеанс Пеликанс-Мемфис Гризлис 114:95

Портланд Трејлблејзерс-Њујорк Никс 111:101

Хјусотн Рокетс-Денвер Нагетс 125:123

loading...