Трофејот во Лигата на шампионите е главна цел за ПСЖ оваа сезона, но ако францускиот првак продолжи како во првото коло, тешко дека ќе ја оствари.
Актуелниот европски вицешампион Ливерпул имаше предност од 2-0 по 36 минути игра во дербито на првото коло за потоа да дозволи противникот да се врати и во финишот да брка победа. Стариџ и Милнер од пенал ги донесоа “црвените” во водство од два разлика, но ПСЖ не планираше да се предаде.
Мение пред крајот на полувремето намали, а Мбапе по соло-акцијата на Нејмар во самиот финиш го израмни резултатот. Ливерпул не се откажа, продолжи да напаќа, Арнолд од слободен удар ја погоди стативата, но резултатот се промени дури во судиското продолжение кога Фирмино успеа да го совлада Ареола.
Историски бод во својот прв натпревар во Лигата на шампионите освои поранешниот европски првак Црвена Звезда која одигра без голови со Наполи на домашен терен.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)










![[ВИДЕО] Снимен земјотресот на главниот аеродром во Венецуела, паѓаат големи парчиња бетон](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/5VAhu-2c245c45-aa5d-4bd2-8e0e-4b72fb8f4f40-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












