Лазаров со 21 ракометар и три резерви против Финска и Швајцарија

612

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров го објавува список на повикани ракометари за претстојните квалификациски натпревари со репрезентациите на Финска и Швајцарија, со кои нашата селекција ќе ги затвори квалификациите за следното Европско првенство.

На неговиот список се најдоа 21 ракометар, а младите Кузманоски, Атанасијевиќ и Кукуловски се резерви и ќе чекаат дополнителен повик.

  • Списокот за натпреварите со Финска и Швајцарија: 

Во рамки на ЕХФ неделата сениорите ќе ги одиграат двата последни натпревари од квалификациската група за пласман на Еп 2022 што ќе се одржи во Унгарија и Словачка.

Сениорте прво ќе гостуваат во Рихимаки, Финска на 28 април (среда), а на 2 мај (недела) во CЦ “Јане Сандански” против Швајцарија ќе го одиграат последниот натпревар од квалификациите за пласман на Европско првенство.