Лазаров го победи ковид-19 и се враќа на тренинзите на Нант

58

Македонскиот репрезентативец Кире Лазаров го победи ковид-19, откако на последното тестирање неговиот резултат на вирусот бил негативен, па тој ќе се врати на тренинг и ќе се подготвува за следниот меч против Данкерк.

Лазаров доби позитивен тест на коронавирусот на 17 ноември, па поради тоа го пропушти мечот со Целје во Лигата на шампиони, а отсуствуваше и од дуелот против Сесон во францускиот шампионат.

Лазаров сега се врати на тренинзи, па ќе има доволно време да се подготви за следниот меч на Нант, кој е закажан за 6 декември против Данкерк.