Македонската фудбалска селекција ги стартуваше подготовките за претстојните два квалификациски меча за ЕП, прво со Словенија во Скопје, а потоа нагости во Полска.
Иако некомплетни, поради повредите на неколку првотимци, сепак селекторот Ангеловски истакна дека целите остануваат исти, а тоа е победа во Скопје и добар резултат со Полска.
Првенствено важен меч за Македонија е мечот со Словенија кој се игра во Скопје и каде мора да се оствари победа.
„Го загубивме Барди, како што и се најавуваше, а поради суспензијата на Бејтулаи, во селекцијата ги повикав Стоилов и Младеновски. Покрај повредите, јас верувам во квалитетот на останатите момци. Знам дека можеме да дојдеме до победа против Словенија. Победата е нашиот најпосакуван исход“, рече Ангеловски.














![[ВИДЕО] Петмина загинати, а 10 сериозно повредени во масовни верижни судири на бугарски автопат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/bugarija-nesreka-218x150.jpg)


![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-218x150.jpeg)


















