Лани во Македонија влегле 1.140 контејнери со странски отпад?

220

Додека македонските граѓани се гушат од енормното загадување, на површина исплива афера, која безмалку ја става Македонија во друштвото на европската еко- мафија. Се дозна дека во депонијата Дрисла требало да стигне странски отпад, спакуван во 1.300 контејнера, кои за среќа исчезнаа некаде по пат, во Албанија.

И таман куртуливме од оваа опасна пратка, кога на површина испливува нова еколошка афера. Наводно, според пишувањата на италијанските медиуми, покрај несудената пратка, во државата, на граничниот премин „Ќафасан“ сепак влегле стотина контејнери со отпад.

И додека никој не кажува каде завршил овој отпад, населените места околу скопската депонија бележат црни резултати. Рапидно e зголемен бројот на заболени од карцином на белите дробови.