Најсексапилната актерка од 80-те ја стигнаа годините – погледнете како изгледа на 64 години

439

Актерката и манекенка Бо Дерек во текот на 80-те години била една од најсексапилните дами во Холивуд, а нејзините жешки сцени од филмовите “10“ и “Bolero“ многумина не ги заборавиле ни денес.

Овие денови не се појавува многу често во јавноста, но без оглед на тоа таа не направила затегнување на лицето и на 64-годишна возраст изгледа фантастично.

Кога имала само 16 години, се заљубила во режисерот Џон Дерек кој бил повозрасен од неа 30 години, а поради неа се развел од тогашната сопруга Линда Еванс (актерката од “Династија“).

Под негова режисерска палка се снимиле и неколку други филмови. Со него останала 22 години, сè до неговата смрт.

Денес е во среќна врска со актерот Џон Корбет кој е помлад од неа пет години.

Бо не дава често изјави, но во едно интервју открила дека често ја критикуваат поради тоа што одлучила да старее природно.

„Не е лесно да се старее, а Бети Дејвис беше во право кога кажа дека стареењето не е за слабаци. Постoјат одредени очекувања. Од една страна ми честитаат затоа што никогаш не сум го затегнувала моето лице, а од друга страна се држам добро. Имам други интереси и размислувања за тоа“ – изјавила таа.