Курир.рс: Боки 13 го рекетирал Камчев, враќал пари на Карлеуша

359

Српски Курир обелодени шокантна вистина. Имено српскиот весник пишува дека всушност првоосомничениот за случајот Рекет, Боки 13 всушност го рекетирал Орце Камчев за 1.5 милион евра за, меѓу другото, да ѝ ги врати парите што ѝ ги должел на својата, многу блиска пријателка Јелена Карлеуша.

Како што објави српски „Курир“, Боки 13 на неколку наврати позајмувал пари од Карлеуша, а кога западнал во финансиски проблеми, се здружил со премиерот Зоран Заев и неговиот советник Зоран Башановиќ, како и специјалната јавна обвинителка, за да го рекетираат Камчев.

Карлеуша и Боки 13 се познаваат долги години, а беше близок и со нејзината мајка Дивна, од која најчесто и позајмуваше пари. Кога влезе во долгови и кога естрадната кариера не му одеше баш најдобро, реши на лесен но валкан начин да дојде до големо богатство. Тоа би му ги решило сите проблеми, барем така мислеше. Така би ги вратил на Карлеуа парите кои и ги должи, ќе го покриеше минусот кој го има во банка, а остатокот би го искористил за бизнис кој би му донел пари, а половината би требало да ги подели на сите останати кои се вмешани во случајот Рекет, вели извор за српски Курир.

Воден од оваа идеја почна да преговара со Камчев. Почетната сума која ја побарал од бизнисменот е 8 милиони евра, за на крајот да добие 1,5 милиони во кеш, спаковани во торба Луј Витон. Снимката на која Боки ги зема парите од Камчев ја објави пред една недела италијанскиот весник Ла Верита. На 4 март Камчев беше ослободен, а пред месец дена Боки 13 беше уапсен на граничниот премин Богородица, и моментално е во затворот во Шутка, како прво осомничен за случајот Рекет.

loading...