Кристијано, зошто Спортинг, Јунајтед и Јуве не те заборавија, а Реал го стори тоа?

255

Кристијано Роналдо отсекогаш бил фудбалска фигура за кого сите се заинтересирани, па дури и кога треба да му се честита роденден.

Тој вчера го прослави 33 роденден, а можеби помалку изненадувачки, не доби потсетување и честитка за роденденот од својот поранешен клуб Реал Мадрид.

Португалецот доби честитки за роденденот од сите негови поранешни клубови, Спортинг, Манчестер Јунајтед, од сегашниот Јувентус, но не и од Реал Мадрид, клуб во кој несомнено ги оствари најголемите европски резултати.

Во Јувентус иако доаѓа како ветеран, сепак тој и понатаму останува еден од најважните играчи во европски рамки, но изненадувачки е тоа што Реал навистина не се присети на неговиот роденден, или не сакаше намерно да му испрати еден мал гест.