По преселбата на Палермо во Серија Ц, скоро извесно дека и двајцата македонски интернационалеци ќе го напуштат тимот од Сицилија.
Илија Несторовски и Александар Трајковски веќе си бараат нови клубови, а Несторовски може да заврши во нашето соседство.
Во Белград биле заинтересирани за услугите на македонскиот голгетер, кој при евентуално заминување на Павков, одлично би се вклопил во тимот, кој минатата сезона имаше одлични натпревари во групната фаза од ЛШ, па дури успеа да го победи и годинешниов финалист, тимот на Ливерпул.
Палермо сигурно ова лето ќе биде чистилиште за целиот тим, а освен Несторовски, големи се шансите нов клуб наскоро да пронајде и Александар Трајковски.