Британската кралица Елизабета Втора, која со дел од семејството одмара во замокот Балморал во Шкотска, седела утрово во автомобилот, ден по самоубиството на милијардерот педофил Џефри Епстајн, покрај својот син Ендру, кој со Епстајн бил повеќедецениски пријател, а англиските медиуми објавиле фотографии од принцот со сексуалната робинка на Епстајн, Вирџинија Робертс.
Кралското семејство ги стеснува редовите соочено со незапаметен скандал, па покрај кралицата и принцот Ендру, кој има и титула војвода на Јорк, седела и неговата ќерка, принцезата Беатрис. Оделе во црква на служба.
Британските медиуми коментираат дека ова е јасна порака на британското кралско семејство, ден по самоубиството на Епстајн, дека ќе бидат крај принцот Ендру без разлика на вистината која испливува.
Queen shows solidarity with Prince Andrew as they drive to church together in Balmoral
https://t.co/AQyng9jejY pic.twitter.com/XsQolJYm77— Daily Express (@Daily_Express) August 11, 2019
Од порано се знае дека принцот Ендру и Епстајн со децении биле пријатели, како и дека принцот е исто така педофил. Тој ова го демантирал, но фотографиите и текстовите кои ги објавуваат медиумите зборуваат нешто друго. Имено, принцот Ендру е фотографиран со поранешната сексуална робинка на Епстајн, Вирџинија Робертс, во поза која воопшто не остава простор за двоумење.
Малку зад нив, целата насмеана, е Гислејн Максвел, наследничка на тајкунот Роберт Максвел, кој во свое време држел половина од англиските медиуми, инаку подведувачка на деца, и како што пишуваат британските медиуми, една од поважните алки на овој страшен педофилски ланец.
British royal reporters are mute on #princeandrew connection to the dead pedo. No articles,tv segments nothing on his coincidental trip to mommy w/his ex-wife who borrowed money from Epstein,but it was Armageddon b/c Meghan guest edited Vogue.Tell me how this bunch isnt bias.? pic.twitter.com/S3MmoAmn1I
— DatTriniGyl (@DaTriniGyl) August 10, 2019
“Гислејн е клучна фигура сега кога Епстајн повеќе нема да може да одговара пред законот. Жртвите заслужуваат одговори, а таа била најблиска до Епстајн. Самоубиството на Епстајн е далеку од тоа дека доаѓа крајот на проблемите на принцот Ендру, напротив, тоа го носи во центарот на вниманието поради неговото блиско пријателство со Гислејн”, вели извор од правосудството за “Daily Mail”.
“Daily Mail” пишува дека принцот Ендру веројатно бил фатен во скандал со девојчињата на Епстајн многу подлабоко од тоа што се мисли, и дека истрагата на ФБИ, ако некој не се обиде да ја сокрие, тоа и ќе го покаже.
Well at least he didn’t edit Vogue.
Prince Andrew exposed: 'Sex slave', 17, alleges pair were intimate https://t.co/LyfMOpXanI via @MailOnline— Andrea Catherwood (@acatherwoodnews) August 10, 2019
Во судските документи се наведува дека принцот Ендру ги користел услугите на Вирџинија, што кралското семејство демантирало во необично соопштение во 2015-та година. Денес портпаролот на Бакингемската палата, запрашан дали принцот Ендру ќе се огласува за смртта на Епстајн, рекол дека случајот со Епстајн се однесува на истрагата во САД, а војводата од Јорк не е дел од неа.
“Секое спротивно тврдење е лажно и без основа”, додала Бакингемската палата.
"There's a perfect storm with her that people don't like."
The new edition of BritishVogue is out today – edited by the Duchess of Sussex. On #Sunrise, we discuss whether she was right to take the job. pic.twitter.com/FpWjYWiP3I
— Sky News (@SkyNews) August 2, 2019
I hope these allegations are properly looked in to with a proper process. This man is paid for by the taxpayer and should face a thorough investigation. https://t.co/khnGez5oPL
— Jess Phillips Esq., M.P. (@jessphillips) August 10, 2019