Познатата јутјуберка Кристина Кика Ѓукиќ на 8 декември 2021 година беше пронајдена мртва во својот стан, а овој случај одекна во јавноста откако беше откриено дека таа подолго време била жртва на сајбер-насилство.
Што ја натерало да си го одземе животот, со што се соочувала и се мачела во последно време – ова се само некои прашања на кои семејството, но и јавноста, засега нема одговор.
Семејството на починатата јутуберка не се огласи по нејзината смрт, но поради многубројните пораки што пристигнуваат од нејзините обожаватели, нејзината мајка Наташа првпат се огласи по погребот.
Некогаш кога семејството ќе ги има потребните информации, ќе кажам се’, бидејќи не сакам да ве оставам во тишина. Ќе одговара тој што треба да одговора. Лута сум, очајна и целосно скршена“, напиша Наташа Ѓукиќ во својата објава на Инстаграм.