Компир палачинки полнети со мелено месо: Солено чудо на кое секогаш ќе му се враќате

449

Српската пејачка Ана Николиќ ги „запали“ социјалните мрежи со својот провокативен стајлинг кога го објави видеото додека одеше по улицата во црн, транспарентен фустан од тантела.

Денеска ви претставуваме едноставен рецепт за малку поинакви палачинки, идеални за вкусна вечера.

Потребни состојки:

– 7 компири

– 1 главица кромид

– 500 гр. јунешко мелено месо

– 25 гр. путер

– 160 гр. брашно

– 1 јајце

– сол и бибер

– малку масло за јадење

Начин на припрема:

1. Исечкајте ги компирите на коцки и ставете ги да се сварат.

2. По варењето, исцедете ги и изгмечете ги, а потоа во нив додајте ги јајцето, путерот, брашното, солта и биберот.

3. Во тава на оган пропржете го кромидот, а потоа додајте го меленото месо. Додајте сол, бибер и други зачини по желба.

4. Од тестото направете мали палачинки, а потоа на секоја од нив додајте по една лажица од прженото мелено месо.

5. Затворете ги и израмнете ја нивната површина за да добијат облик на полнето тесто.

6. Вака подготвените палачинки пржете ги во тава на која сте ставиле малку масло за јадење.

Погледнете ја целата постапка:

извор:кармин/точка.ком.мк