Иако крузерот моментално не се чини како најпаметно место за летување, поради сите рестрикции и протоколи како последица на пандемијата, сепак надежно, Viking World Cruise планира големо патување кон крајот на 2021-ва година.
Поаѓањето е закажано за 24.12.2021 година од Флорида, а патувањето ќе трае вкупно 136 денови. Во текот на патувањето ќе се посетат 27 земји и ќе се застане на 56 светски точки, додека ќе се преспива низ 11 градови.

Патниците ќе запловат кон Мексико и Колумбија, потоа ќе поминат низ Панамскиот канал и ќе пристигнат до Средна и Северна Америка.
Потоа следи тура преку Тихиот Океан со неколку застанувања на Хаваите, па до Нов Зеланд, Австралија, Азија и Блискиот Исток.

На крајот, Лондон е последната дестинација.
Цената за околу 930 патници, колку што собира крузерот, е нешто над 45.000 евра.

Секако, работите се под знак прашалник, како што е и завршувањето на пандемијата.
Точката на поаѓање е малку недостапна и далечна за нас, но можеби оние кои ќе имаат можност, нема да пропуштат ваква шанса доколку работите се подобрат наредната година.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















