Дева Касел, ќерката на Моника Белучи и Винсент Касел, го украла шоуто на ревијата на „Диор“ на Модната недела во Париз.
Никој не можел да го тргне погледот од нејзиниот едноставен, а сепак магичен изглед со кој таа пленела. Дева се појавила на ревијата во широки темносини панталони и корсет во истата боја, а долгата црна коса и минималната шминка само го зголемиле гламурозниот впечаток.

Дева, која е сега заштитно лице на познатиот бренд „Долче и Габана“, исто како и нејзината мајка ги красеше насловните страници на францускиот магазин „Ел“, а за потребите на италијанскиот „Вог“ се фотографираше заедно со Моника.

Моника и Винсент во текот на својот брак добија 2 ќерки, 17-годишната Дева која веќе успешно чекори во модниот свет и помладата ќерка Леони која сега има 11 години.

Дева често е споредувана со Моника поради несекојдневната убавина, а многумина ѝ предвидуваат блескава кариера токму како што има и нејзината мајка.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















