Ќе ви ги стопат срцата: Прегратката на прерано родените близначки го воодушевија светот

746

Прерано родените близначки Оливиа и Зои веднаш после раѓањето биле разделени и ставени во посебни инкубатори во болницата во Мелбурн.

После 27 дена одвоеност повторно се обединиле со мајката Ен Ли и веднаш се прегрнале. Фотографијата беше објавена на Инстаграм и ги воодушеви корисниците на социјалната мрежа.

Во текот на бременоста со голем ризик, Ли била загрижена поради срцепарателниот исход и стравувала за здравјето на своите ќерки. Ли носела моноамниоски-монокорионски близначки кои ја делеле амнионката ќеса и плацента, што е исклучителна реткост.

Тие се родиле три месеци порано и веднаш биле префрлени во одделението за интензивна нега за новороденчиња со цел докторите постојано да ги набљудуваат и да го регулираат нивното дишење.

После 27 дена одвоеност, близначките за првпат се сретнале и посегнале една по друга и се прегрнале. Фотографијата од нивната средба ја објави нивниот татко на Инстаграм.

“Срцето ми се стопи. После сите потешкотии, недели одвоеност, почувствував големо олеснување што повторно се заедно”, рекла Ли за магазинот Today Parents.