Еден детаљ на оваа фотографија била капката која ја прелеала чашата: Еве зошто Хари и Меган го напуштиле кралското семејство

459

Минатогодишниот божиќен говор на кралицата Елизабета го гледале дури 6,4 милиони луѓе пред малите екрани. Кралицата беше облечена во син фустан, носеше дијамантски брош и зборуваше за чудната година.

Нејзиниот говор доби бројни пофалби, а гледачите не пропуштиле ниту еден детаљ па така ни тој дека на масата стоеле фотографии од членовите на кралското семејство, освен од принцот Хари, неговата сопруга Меган Маркл и правнукот Арчи.

За ваквиот момент, неодамна се огласил еден од авторите на текстовите за кралското семејство кој тврди дека „пропустот“ на кралицата пробудил одредени сомнежи кај остатокот од семејството.

„Фотографијата од војводата и војвотката која претходно стоеше на масата повеќе ја нема, ниту говорот за нив. Таа само спомена дека го дочекала своето осмо правнуче, но не го изговори неговото име. Сега е јасно дека во внатрешноста на палатата и семејството се создало сомнеж за тајниот план на Хари и Меган“, објаснил авторот.

Спорниот говор беше предмет на многу расправи помеѓу кралските експерти. Омид Скоби и Каролин Дуранд се сложуваат дека токму говорот на Елизабета била една од последните работи кои ги увериле Хари и Меган да го пронајдат сопствениот пат.

„Хари чувствувал дека тој и Меган се оставени настрана и не се вклучени во идните планови на семејството. Извори од палатата откриваат дека фотографиите на масата биле одбрани така што ги прикажуваат успешните членови на семејството. Тоа премногу влијаело на нив“, тврдат Скоби и Дуранд.