Кит од 20 метри воочен во Средоземното море: Тие сега уживаат поради намалениот број на бродови

645

Италијанската крајбрежна стража, во текот на патролата со хеликоптер, забележала кит долг 20 метри во близина на островот Елба во Тосканскиот архипелаг во Средоземното море.

Тие објавиле снимка на социјалните мрежи наведувајќи дека китот бил воочен во период кога овие цицачи ја напуштаат водата во близина на бреговите на Лампедуза и во рок од 5 до 7 дена пристигнуваат до засолништето на морските цицачи Пелагос во Лигурското море, кое се наоѓа помеѓу бреговите на Лигурија, Тоскана и Корзика и Елба.

Неколку дена претходно биле воочени два кита како пливаат еден покрај друг на југот помеѓу брегот на Калабрија и Сицилија.

Забраните за движење на траектите и бродовите поради пандемијата на коронавирусот им овозможиле на китовите слобода во Месинскиот мореуз.