Палестина и Арапската лига ја осудија одлуката на Косово за амбасада во Ерусалим

535

Палестинското Министерство за надворешни работи го критикуваше неодамна постигнатиот договор меѓу Косово и Израел, оценувајќи го разочарувачки и повика на откажување од одлуката за отворање амбасада во Ерусалим. „Најавата за намерата за отворање амбасада во окупираниот Ерусалим е чекор што е во спротивност со сè што Косово се обидува да го убеди светот да го признае“, наведе министерството.

Во соопштението се додава дека тоа покажува „државата Палестина, арапските и исламските групи, Движењето на неврзаните, Африканската унија и другите регионални групи во светот“ дека, меѓу другото, Косово ги игнорира меѓународното право и легитимност и резолуции и ги прекрши „јасно и отворено“ што ќе ја отежне секоја земја да го признае.

Израел и Косово воспоставија дипломатски односи на 1 февруари, со најава дека Приштина ќе отвори амбасада во Ерусалим, како трета земја по САД и Гватемала. Генералниот секретар на Арапската лига, Ахмед Абул Гејт, исто така, ја критикуваше одлуката на Косово за отворање амбасада во Ерусалим, оценувајќи дека тоа го крши меѓународното право.

На крајот на 2017 година, администрацијата на САД го призна целиот Ерусалим како само израелски, а следната година, во мај, ја премести својата амбасада од Тел Авив во тој град.