Вчера во Јавното обвинителство во Скопје, еден час траеше сведочењето на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.
Поранешната „шефица“ на СЈО еден час сведочеше за случајот „Рекет“ каде што е меѓу главните обвинети, а потоа беше вратена назад во затворот Идризово во Шутка.
Адвокатката на Катица Јанева, Ирена Фрчкоска побара на нејзината клиентка да ѝ биде доделен домашен притвор поради влошената здравствена состојба, но не само што беше одбиена, туку на Јанева ѝ беше продолжен притворот на дополнителни 30 дена.
На истото се пожали и Сашо Дуковски, адвокат на Бојан Јовановски, во јавноста познат како Боки 13, чиј што клиент наводно не се чувствувал најдобро после операцијата на желудникот. Да потсетиме, Бојан Јовановски е првоосомничен во случајот „Рекет“.
Какви се условите во Шутка?
За разлика од Катица Јанева, Бојан Јовановски бил сместен во таканаречените „Хашки ќелии“ кои нудат далеку подобри услови за затворениците, а според извори на „Независен“, затворениците можат да бидат посетени од адвокат без надзор, а на располагање имаат лекар и бербер.

„Адвокатот на притворените може да дојде кога сака и без надзор да има средба со својот клиент. Истото може да го направи и народниот правобранител. Вештаците или невропсихијатрите можат да дојдат само со дозвола од судија на претходна постапка. Роднините одат со претходно барање и вообичаено им се дозволува средба со својот близок на секои две недели. Во затворот во Шутка имаме лекар и бербер, притворениците можат да одат на преглед, односно на потстрижување или други третмани на косата“, пренесува „Независен“.
Катица Јанева е сместена во посебна ќелија со цимерка, а чуварите внимаваат да не добива провокации од другите затвореници. За поранешната специјална обвинителка немало место во „Хашките ќелии“ каде што е сместен Боки 13, а со оглед на тоа што се осомничени за ист случај, не смеат да бидат во контакт.
![[ВИДЕО] Акција во Инџиково од 5 часот наутро: Општина Гази Баба почна со уривање дивоградби](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/12/AjPAL-divogradba-indzikovo-218x150.jpg)







![[ФОТО] Започнува изградбата на мега-паркот во Бутел – еве како ќе изгледа](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/3h9cP-14-218x150.png)




![[ВИДЕО] Украинците погодиле танкер во руски град: Има загинати](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/12/mWes0-138df032-8c52-4d59-a721-5c23273e570f-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Четворица херои се обидоа да ги спречат терористите во Сиднеј, само Ахмед преживеа](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/12/pt4ER-bondi-218x150.jpg)
![[ВИДЕО] Реакцијата на момчето на првиот состанок ги топи срцата: „Тоа е твојот идeн сопруг“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/12/05C6E-copy-of-32-split-screen-82-218x150.jpg)












![[ВИДЕО] Акција во Инџиково од 5 часот наутро: Општина Гази Баба почна со уривање дивоградби](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/12/AjPAL-divogradba-indzikovo-100x70.jpg)
![[ВИДЕО] Украинците погодиле танкер во руски град: Има загинати](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/12/mWes0-138df032-8c52-4d59-a721-5c23273e570f-100x70.jpg)



