Медиумите ја пренесоа информацијата дека дисквалификуваната кандидатка од „Ѕвездите на Гранд“ снимила песна во Белград со лична помош на никој друг, туку Цеца Ражнатовиќ. Вања Кнежевиќ заради која се крена голема прашина откако на „Инстаграм стори“ објави навредливи содржини кон Јелена Карлеуша, а потоа и „Ѕвездите на Гранд“, по што Карлеуша реагираша и таа беше дисквалификувана.
Откако јавно се дозна дека Цеца била таа која помогнала нејзините соработници со задоволство да прифатат да и направат песна на „избрканата“ несудена „Гранд ѕвезда“, Вања, сега Јелена Карлеуша се огласи на своите Инстаграм приказни и јавно ја прозва Цеца.
„Жал ми е за оваа девојка, не би бил никој заинтересиран за нејзиниот живот доколку немаше врска со мене и дека мотивот да и’ се помогне е најлош можен, а тоа е омразата кон мене. Страшно и срамно. Мислев дека по бруката кога му пееше на оној „спортистот“ во кафулето на нејзиниот роденден, Ражнатовиќ се освести затоа што им се згади на сите со тој „гест“, но таа продолжи да ги повикува новинарите на судењата со мене за да добие повторно некаков медиумски публицитет, зашто одамна ја нема на мапата.
Да ве потсетиме, по скандалот меѓу Јелена Карлеуша и фудбалерот Огњен Врањеш, Цеца се согласи на спортиститот да му пее за неговиот 30-ти роденден, пред две години.
„Мој совет до неа е бабата да им се посвети на внучињата и плетењето. Не сум виновна што нејзиното помина и фала ку*цу, конечно“ – напиша Јелаена Карлеуша, а потоа и додаде:
„Светлана Ражнатовиќ е мој обожавател!“
Фото: Инстаграм принтскрин/karleusastar/cecaraznatovic