Камерите снимиле сцена како од акционен филм: Комбе ја пробило рампата и паднало на траект од ведро небо! Патниците избегнале сигурна смрт…

286

Неверојатното видео кое се појавило на интернет покажува како комбето ја пробило рампата и слетало на траект во Квебек како во акционите филмови.

Притоа, возачот на комбето, 40-годишниот Ерек Белек настрадал, а жената која се наоѓала на местото совозач е во критична состојба.

Изгледало како белото комбе да се појавило од ведро небо и паднало на траектот. Неколку патници за влакно избегнале сигурна смрт.

Застрашувачката несреќа се случила токму кога траектот го напуштил пристаништето во Тадусак, на околу 250 километри од Квебек.

Се верува дека Белек изгубил контрола над возилото поради механички проблем, поради што не можел да закочи.