Бурниот период е зад него: Даниел Кајмакоски се „залепи“ на Милица Павловиќ, па направија хаос среде Црна Гора

1034

Даниел Кајмакоски пред некое време во јавноста обелодени дека ставил крај на својот брак со сопругата Кристина, со кого го има синот Давид.

По оваа етапа од неговиот живот, бурниот период зад него е минато, па максимално е посветен на музиката.

Имено, Кајмакоски по една долга пауза постојано настапува во регионот и ужива во својата професија.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ

Победникот на „Х фактор“ се врати на својата стара љубов и продолжува да ја гради кариерата.

Во последно време постојано e на пат во регионот каде настапува со својот бенд.

Така, деновиве Kaјмакоски настапуваше во Будва каде направи вистинска журка.

Кајмакоски на сцената не се најде сам, туку му се придружи и секси “сењорита“, Милица Павлововиќ која разиграно играше и тануваше околу Кајмакоски.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/СЕЊОРИТАМИЛИЦА

А кога Павловиќ ќе се разигра, не останува да не биде забележано со камера.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/СЕКСИСЕЊОРИТА

Но, не само што играа и танцуваа на сцената, пејачите во бекстејџ снимија и заедничко видео, па ја запејаа песната „Скопје –Београд“, која инаку Кајмакоски ја изведува со Жељко Јоксимовиќ.

ФОТО: ПРИНСТКРИН/ИНСТАГРАМ/СЕЊОРИТАМИЛИЦА

Дали меѓу пејачите се крчка добро пријателство или можеби некој дует во иднина не знаеме, но сигурно направиле забава за паметење.

За потсетување, Милица неодамна ја поврзуваа со синот на Лепа Брена, Стефан Живојиновиќ, но тие демантираа дека има меѓу нив љубовна романса и дека се заедно.