Калуѓерки во Германија им носеле деца за силување на свештениците и политичарите

801
Калуѓерки од католички дом за сираци во Германија ги носеле децата кај свештеници, политичари и бизнисмени кои потоа ги силувале на забави, раскажува еден од жртвите кој победил во судска битка против неговите насилници.

Судот за социјална помош во Дармштад му доделил обештетување на човекот, кој сега има 63 година, откако детално опишал како монахињите го носеле кај свештеници и моќници кои потоа го злоставувале на забави. Злоупотребата започнала во неговата петта година. На монахињите им плаќале.

Човекот, кој останал анонимен, вели дека бил силуван илјада пати за времето поминато во сиропиталиштето во текот на 1960-тите и 1970-тите, заедно со другите момчиња.

Судот пресудил за случајот во мај, но последниот скандал со злоупотребата во католичката црква се појави овој месец откако висок службеник на свештенството јавно зборувал за тоа.

Епископот Спајер Карл-Хајнц Виземан јавно го посочи поранешниот епархиски службеник Рудолф Моценбенкер, кој починал во 1998 година, за наводна вмешаност во злоупотребата. Епископот рекол дека оттогаш се појавиле уште три жртви.

Жртвата на злоупотребата имал само пет години кога во март 1963 година бил донесен во куќата управувана од Редот на сестрите на Божествениот Спасител во германскиот град Спејер. Тој раскажува дека монахињите „буквално го влечеле“ во станот на Моценбенкер каде бил сексуално злоставуван, објави „Дер Шпигел“. Ако се спротивставил, ќе бил претепан.

Жртвата рекла дека посетителите на сиропиталиштето го малтретирале на „сексуални забави“. Тој вели дека на ваквите настани, монахињите измамувале помлади деца на возраст од седум до 14 години кај свештеници, локални политичари и бизнисмени.

„Калуѓерките беа макроа“, рече тој. Ако се спротивставија на однесувањето на забави, ќе ги тепаа со стапови или ќе им ги удираа главите во ѕид.

„Имаше просторија каде монахињите им нудеа пијалоци и храна на луѓето, а во другиот агол од таа соба децата беа силувани“, се вели во изјавата на жртвата. „Монахињите заработуваа на тоа, мажите великодушно им донираа во знак на благодарност“.

Човекот вели дека еднаш бил силуван од три свештеници истовремено.

„Понекогаш крв ми течеше низ нозете“, рече тој, а потоа продолжи со сведочењето: „Пред да заминам од дома во септември 1972 година, бев сексуално злоставуван илјада пати“.

Анонимен човек сведочел пред судот дека монахињите се клучни за целиот систем на злоупотреба и дека некои дури и самите сексуално злоставувале помлади момчиња. Сиропиталиштето каде наводно се случило сето ова е затворено во 2000 година.

Католичката црква, покрај пензија на жртвата, на човекот му исплатила 15.000 евра обештетување и 10.000 евра трошоци за терапија.

„Колку ми вредат парите?“, се прашува жртвата, која страда од посттрауматско стресно нарушување и депресија.

“Мојот брак е растурен. Коските, црниот дроб и бубрезите исто така.”

„За жртвите на злоупотреба, преземањето правни активности е поврзано со значителен психолошки стрес“, рече судијата Андреа Херман од Социјалниот суд во Дармштад.

Од 2010 година, Католичката црква се соочува со низа случаи на злоупотреба. Внатрешната истрага за злоупотребата во 2018 година открила злоупотреби во кои учествувале 1.670 свештеници и 3.677 жртви помеѓу 1946 и 2014 година.