Калиопи ги „истури“ на Инстаграм емоциите кон екс-сопругот Ромео Грил: „Фантастичен татко, пријател и човек…“ (видео)

1075

Бракот меѓу Калиопи и композиторот Ромео Грил одамна е завршен на документ, а иако не функционираат како сопружници, тие се едни од ретките кои успеаваат да опстојат како соработници и пријатели.

Иако живее во Швајцарија, Ромео се почесто е на гости во Скопје кај Калиопи, но исто и таа кај него. Причината која ги поврзува е музиката и секако нивниот син Пако.

Од коректниот однос помеѓу нив, произлегоа доста хитови, па Калиопи нема причина зошто да не работи и да му ја препушти довербата на Ромео.

ФОТО:ИНСТАГРАМ/КАЛИОПИ

Најмногу време заедно поминуваат во студио, од каде пејачката често знае да сподели фотографии на социјалните мрежи.

Меѓу најновите објави на Опи повторно се најде Ромео и нејзина емотивна порака по повод неговиот роденден за кој таа напиша:

-Среќен роденден на фантастичниот татко, пријател и човек кој го продолжи моето уметничко опстојување низ музиката која ја создава…

Честитките не изостанаа ниту од пријателите и фановите кои им посакаа уште многу заеднички соработки и хитови.