И Лила Филиповска на распит кај Русковска

914

Водителката Лила Филиповска пристигна во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, каде што треба да даде изјава во истрагата за „Рекет“.

Според А1он, Филиповска го привлекла вниманието на обвинителката Вилма Русковска откако биле забележани големите позајмици кои му ги дала на Бојан Јовановски. Неофицијално, водителката во два наврати префрлала на сметка на Боки 13 или на фирма која е поврзана со него, по 20 илјади евра.

Обвинителството за организиран криминал испитува дали парите што Филиповска ги дала како позајмица на Боки 13 се од земениот „Рекет“, кој тој го изнудил од Орце Камчев. Тие ќе проверуваат и како илјадниците евра завршиле на сметката од Филиповска, односно дали се нејзини, и доколку се, ќе бара како го стекнала.

Водителката Филиповска беше во автомобилот на Боки 13 кога полицијата го приведе на граничниот премин „Богородица“.