Какви тајни на НАТО претставуваат интерес за руските служби?!

1466

Извадок од видеото од бугарското обвинителство кое го објави за откриената руска шпионска мрежа во Бугарија во кое се наведени инструкциите кои бугарските државјани ги добиле од страна на руските “дипломати“.

Дали разузнавачкиот интерес на руските служби во Македонија како земја членка на НАТО е ист како во Бугарија ?

Транскрипт:

– Што претставува Координативниот центар во Варна (задачи; планови за развој; финансирање на персонал итн.);

– НАТО операции во различни региони (планови; задачи; финансирање; резултати);

– Одлуки од средбите на различни НАТО Комитети;

– Информации од Агенцијата за НАТО Комуникации и Информации (NCIA);

– Прашања поврзани со политиката на НАТО и ЕУ кон РУсија; Белорусија; Украина итн.;

– Податоци за Одделот за Одбрана [Канцеларијата на Аташето за Одбрана?] при Американската Амбасада или други информации за/од САД (инвестициски програми; поправки; опрема итн.);

– Контакт лица со САД, Британија (детални информации);

– Работни состаноци со Американски, Британски, Германски претставници (податоци за луѓе/учесници, тема на дискусија);

– Програми за заедничко работење и операции;

– Практични обуки; инструкции организирани од партнерите;

– Финансиска асистенција;

– Активност на Special Collection Services (SCS), NCA, CIA (вработени, бази) во Бугарија