„Каква кралица си ти“: Го покажала заводливото тело за “инат“ на момчето кое во детството ѝ рекло дека е слаба како молив

1175

Кантри пејачката Кејси Ештон на социјалните мрежи го покажала своето заводливо тело во бикини, за “инат“ на момчето кое било злобно кон неа кога имала 13 години.

„Кога имав 13 години, момчето во кое бев заљубена ме покани на состанок. Испаничив. Неколку недели подоцна открив дека негов пријател му платил за да го направи тоа од шега“, напишала покрај фотографијата во бикини од Хаваи.

„Кога се соочив со него, ми рече дека не сака да излегува со мене бидејќи сум ‘рамна и имам облик на молив’. Се надевам дека е добро“, додала таа.

„Каква кралица си ти“, гласел еден од коментарите.