Оригиналната копија од дисктетата од култната игра Супер Марио Брос е продадена на аукција за 100.150 долари, што ја прави најскапата игра некогаш, пренесува Verge.
Според податоците на аукциската куќа Heritage Auctions, играта е купена од страна на група колекционери кои ќе го делат сопствеништвото над неа.
“Супер Марио Брос не е само најпрепознатливата игра на сите времиња, туку тоа е играта која ја спаси индустријата на видео игри во 80 години. Во поглед на реткост, популарност и важност за колекционерите, оваа игра има сè. Марио е најпознатиот фиктивен лик на светот, дури и повеќе од Мики Маус. Супер Марио Брос ја лансираше најголемата светска франшиза на игри, а оваа копија е единствениот познат запечатен пример”, рекол Дениз Кан, претседател на Wata Games.

Оваа копија од оригиналниот Супер Марио е направена во 1985 година. Нинтендо ја креираше Супер Марио Брос дискетата од 1985 до 1994 година во разни варијанти. Првите верзии се запечатени со налепници и биле достапни само во Њујорк и Лос Анџелес. Копијата која е продадена за повеќе од 100 илјади долари е всушност една од оние со налепници и сертификат од Wata Games.
“Покрај уметничкото и историско значење оваа игра е врвно зачувана”, вели Кенет Троер, ко-основач на играта.

Не е првпат игра на Нинтендо да достигне толку голема цифра. Во 2014 година копија од ретката игра Nintendo World Championships е продадена за 100.088 долари на eBay.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)














![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



